-
Опис
-
Дополнителен опис
-
Мислења
Опис
Арт панел - Craft Design Studio
Внесете парче природа, декоративен дрвен панел кој е перфектен додаток во Вашиот дом или канцеларија. Суптилното прелевање на боите и неговата структура, го прават панелот пријатен за гледање, давајќи пријатна и топла атмосфера на просторот во кој се наоѓа. Со менување на насоката на парчињата се создава едно интересно и уникатно дело.
Совршената поставеност го прави ваквиот дизајн естетски пријатен за окото. Структурата на елементите додава една длабинска перцепција на целиот панел. Изработен во поголема димензија, арт панелот може да се постави како страничен или преграден панел.
Изработка
Изработката на овој прекрасен дрвен мозаик бара внимателно планирање, секое парче дрво индивидуално се обработува. Секое парче дрво се сече поединечно, рачно насликано со акрилни бои, и рачно составено на дрвена основа според нашиот дизајн. Акрилните бои овозможуваат шарата на дрвото дополнително да се зајакне, додавајќи карактер и движење на целокупниот дизајн. Панелот и дрвените парчиња се меки на допир и добива завршен слој од природни минерални масла за заштита на боите.
Персонализирање
Нашите производи можат да бидат персонализирани по Ваша желба.
Ние сме во можност да го прилагодиме дизајнот на панелите според стилот и идентитетот на вашиот ентериер. Ако ви треба различна големина од списокот со опции, или пак сакате да се користат различни бои или распоред, ве молиме наведете ги Вашите барања при потврда на нарачката, или пак дополнително контактирајте со нас за да ги договориме деталите.
За вас или како подарок
Доколку барате уникатен подарок за Вашиот дом, подарок за свадба, подарок за дипломирање, ден на мајката, ден на вљубените, подарок за годишнина, тоа е вистинскиот избор.
Забелешка
- Македонски производ, рачно изработен арт панел
- Со секој панел следат завртки за прикачување на панелот
- Монтажа на панелот не е вклучена во цената
- Нашите производи не бараат дополнително одржување
- Нашите производи се еколошки
- Сите користени производи можат да се рециклираат
Дополнителен опис
| Димензии | N/A |
|---|---|
| Големина | 102cm x 42cm, 126cm x 54cm, 150cm x 66cm, 80cm x 80cm, По ваш избор |







Reviews
There are no reviews yet.