Craft Design Studio

Acoustic-10

Ми се допаѓа
Спореди
  • ден5.800 ден

Опис

Акустичен панел - Craft Design Studio
Дрвени декоративни панели кои не само што служат за естетика, туку и делуваат како акустични дифузери.
Благодарение на нив, можете да ја подобрите акустиката во просториите, особено во канцелариите, дневниот простор, домашните кина или студијата за снимање. Изработени со голема грижа за да го одржат вашиот простор мирен и тивок.

Суптилното прелевање на нијансите и неговата структура, го прават панелот пријатен за гледање, давајќи пријатна и топла атмосфера на просторот во кој се наоѓа. Совршената поставеност го прави ваквиот дизајн естетски пријатен за окото. Структурата на елементите додава една длабинска перцепција на целиот панел. 

Изработка
Изработката на овој прекрасен дрвен мозаик бара внимателно планирање, секое парче дрво индивидуално се обработува.
Секое парче дрво се сече поединечно, рачно насликано со акрилни бои, и рачно составено на дрвена основа според нашите внимателно дизајнирани планови. Полупроѕирните бои овозможуваат шарата на дрвото дополнително да се зајакне, додавајќи карактер и движење на целокупниот дизајн. Панелот и дрвените парчиња се меки на допир и добива завршен слој од природни минерални масла за заштита на боите.

Персонализирање
Нашите производи можат да бидат персонализирани по Ваша желба. Ние сме во можност да го прилагодиме дизајнот на панелите според стилот и идентитетот на вашиот ентериер. Ако ви треба различна големина од списокот со опции, или пак сакате да се користат различни бои или распоред, ве молиме наведете ги Вашите барања при потврда на нарачката, или пак дополнително контактирајте со нас за да ги договориме деталите.

Забелешка

  • Македонски производ, рачно изработен арт панел
  • Со секој панел следат завртки за прикачување на панелот
  • Монтажа на панелот не е вклучена во цената
  • Нашите производи не бараат дополнително одржување
  • Нашите производи се еколошки
  • Сите користени производи можат да се рециклираат

Дополнителен опис

Димензии N/A
Големина

60cm x 100cm, 60cm x 120cm, По ваш избор

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Acoustic-10”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Your rating